Радев: Повеќе струја за Македонија, но согласно европските правила

Бугарскиот претседател изјави дека Бугарија, како главен извозник на електрична енергија во регионот, е подготвена да го зголеми својот извоз во Македонија во согласност со правилата на европскиот енергетски пазар и бугарското законодавство, но и интересот на бугарските граѓани и бизниси, јавува дописникот на МИА од Софија.

Румен Радев изјави дека заедно со македонскиот колега, Стево Пендаровски и со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, разговарале за можностите ЕУ финансиски да ги поддржи можностите на Северна Македонија за да се избегне евентуална ликвидносна криза во зима во однос на снабдувањето со електрична енергија во земјава.

Бугарскиот претседател изрази надеж дека ќе има напредок во оваа насока, но тоа, зависи од одлуката на европските институции, како и на Република Северна Македонија да ги упатат соодветните барања, за што, вели, Бугарија веќе помага, а веќе има формирано заедничка работна група со Македонија.