Радев по трет пат ќе врачи мандат за состав на влада

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека до петок мора да го врачи третиот мандат за состав на бугарска влада откако тоа не ѝ успеа на победничката „Има Таков народ“ на Слави Трифонов, а ГЕРБ на Бојко Борисов второпласирана на последните избори веднаш го врати мандатот.

Бугарскиот претседател одби да каже на која партија ќе и го предаде мандатот, а само нафрли дека „сите опции се отворени“.

Трета по големина партија во Народнотоп собрание е онаа на бугарските социјалисти (БСП).

Претседателот Радев рече дека можни се двојни избори есенва, но не е јасно дали тоа е технички остварливо.