Претседателот на Бугарија се „закани“ дека нема да врачи мандат за состав на влада- трет по ред – пред Нова година.

Консултациите и давање време на политичките сили во 48. Народно собрание ќе продолжат и третиот мандат ќе биде врачен дури по доаѓањето на 2023 година.

„Нема да одржам избори во јануари и февруари, сите знаеме какви би биле последиците“, им порача претседателот.

Најавата на Радев доаѓа по неуспехот партиите ГЕРБ и Борисов како прво и второрангирани на последните предвремени избори – да состават влада.

Според него, нема мали или големи партии, одговорноста е заедничка, напоменувајќи дека иако парламентот е расцепкан, во парламентарната република партиите застапени во парламентот се повикани да дадат влада.

Повторно рече дека сака да даде максимално време за дијалог и да се формира редовна влада, пред да мора да го додели мандатот на трета партија.

Доколку не успеат обидите да се формира влада, Бугарија ќе мора по петти пат за две години да оди на парламентарни избори.