Румен Радев потпиша указ со кој му го додели мандатот за состав на нова бугарска влада на Асен Василев од редовите на „Продолжуваме со промената“, јави БГНЕС.

Агенцијата потсетува дека „Продолжуваме со промената“, со „БСП за Бугарија“, „Демократска Бугарија“ и независните пратеници кои се отцепија од „Има таков народ“ формираа работна група за подготовка на програма за управување со влада во актуелниот парламент со премиер Асен Василев.

Со формирање влада во сегашниот парламентарен состав ќе се избегнат четврти предвремени избори, но под услов програмата за управување да има јасни приоритети, но и рокови за реализација.