Претседателот Румен Радев ќе одлучи кога ќе го распушти 48. Народно собрание и ќе одреди датум за предвремени парламентарни избори.

Тоа би биле петти по ред избори за само две години во Бугарија

Ова стана јасно од неговата средба со лидерката на БСП, Корнелија Нинова на која таа го врати третиот мандат за формирање на кабинет.

Претседателот Радев и честиташе на Нинова за нејзините напори во „тешка политичка средина“.

Но, јасно е дека одиме на следните предвремени парламентарни избори, рече тој и посака успех на левицата.

Бугарија губи затоа што сега нема да има влада, коментираше Нинова по враќањето на мандатот.

Парламентот не заврши многу работи – не донесовме буџет за 2023 година, не ја контролиравме инфлацијата, не ги поправивме приходите на луѓето, законите според Планот за развој, реформите во судството. Виновни се сите партии во 48-то Народно собрание, е мислењето на лидерот на БСП.