Радев ќе го предаде мандатот на партијата на Слави Трифонов

Во наредните денови, а не веднаш, шефот на државата ќе го предаде мандатот на втората политичка сила во 45-то Национално собрание, „Има таков народ“ на Слави Трифонов.

Претставниците на ГЕРБ денеска го вратија мандатот откако партиите кои влегоа во парламентот одбија да коалициираат со партијата на Бојко Борисов.

Претседателот Румен Радев се надева дека даденото време ќе се искористи за дијалог и одговорно делување, бидејќи на Бугарија и е потребна стабилна влада, влада што ужива поддршка од народот и штоможе да ја изнесе Бугарија од кризата.

„Кога мандатот ќе дојде кај нас, тогаш ќе знаете што ќе направиме“ соопшти денеска за медиумите Тошко Јорданов од „Има таков народ“.

Но, премиерот во заминување Бојко Борисов предвидува дека „Постои таков народ“ нема да направи влада:

„Тие се плашат и нема да се однесуваат одговорно како нас… Тоа се неискусни луѓе, неодговорни, водени само од омраза. Тие уништуваат се“ што ќе допрат“, коментира Борисов.