Радев и на ФБ бара Бугарите да влезат во Уставот на „РСМ“ – повод, годишнината од смртта на Делчев

„Ако во денешната РСМ тврдат дека ги следат заветите на Гоце Делчев, зошто не наоѓаат сила да го напишат во својот устав името на неговите сонародници, за чија слобода го дал животот?

Верувам дека порано или подоцна далекувидните политичари ќе ги претворат на дело ветувањата на Гоце Делчев дека повторно ќе не обединат“.

Ова е дел од ФБ објавата на бугарскиот претседател Румен Радев по повод 120 годишнината од погибијата на македонскиот револуционер, Гоце Делчев.

Во подолгиот пост на Фејсбук Радев за Делчев вели дека Гоце Делчев бил „неуморен организатор и надалеку признат водач на Бугарите во Македонија и Одринско.

“ Делчев инспирираше, водеше и со својот личен пример го исцрта патот кон ослободувањето. Со својата безгранична вера и посветеност на каузата, тој ги освои душите и срцата на поробените, кои за неколку години се преродија во моќна револуционерна организација“, пишува Радев за кого Делчев е ништо друго освен – Бугарин.