Радев и Борисов добиле совет за Македонија: Потпишете со Заев, со Мицкоски ќе биде лошо

Бугарскиот државен врв последниве денови добил совет од бугарски и меѓународни експерти за балканска политика и меѓународно право кој вели официјална Софија да потпише договор со Заев по секоја цена затоа што по неговиот неминовен пад Бугарија ниту од далеку нема да го добие од ВМРО-ДПМНЕ тоа што сега го даваат СДСМ и Заев.

Во моментов Бугарија има гаранции за добивање на околу 80 % од своте барања од владата на Заев.

Ако сега не биде потпишан договор со СДСМ со идната влада на ВМРО-ДПМНЕ Софија нема да добие ни 8 % од тоа што го бара и го добива сега, е аргументот за ваквиот совет до државниот врв на Бугарија.

Експертите кои се блиски на неколку европски и меѓународни тинк – тенкови своите сугестии до бугарската влада и претседател ги темелат на националните политики на ВМРО-ДПМНЕ но и на последните пораки од лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

По вчерашниот обид на бугарските власти да го омекнат Мицкоски со обвинување дека води антибугарска хистерија тој им одговори дека води македонска хистерија и дека нема да запре односно нема да се откаже од своите ставови за Бугарските барања.

Поврзана вест

Никој не може да укине права загарантирани од конвенција

Адвокатот на пиринските Македонци на бугарска ТВ: Заев не може да се откаже од нивните права