Радев ги свика безбедносните служби поради „напади врз Бугари“ во Македонија

Бугарскиот претседател Румен Радев ги собра шефовите на службите за безбедност заради преземање „навремени мерки за соодветна заштита на правата на бугарските граѓани зад границата, кога тие се објект на напад само поради нивното национално самосознание“.

Од Претседателството објаснија дека повод за средбата е добиеното писмо од Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола, како и сигналите од „Бугари“ од Македонија за зачестени појави на нарушување на нивните права само поради нивната самоопределба како етнички Бугари.

Од Кабинетот на Радев не прецизираат какви мерки се договорени.