Предлагам бугарскиот парламент да иницира дијалог со македонскиот парламент за да можеме да ги бараме најдобрите решенија и да можеме да ја отвориме вратата што е можно поскоро, изјави бугарскиот претседател Румен Радев по учеството во Европскиот совет, објави БГНЕС.

Радев истакнал дека за ова прашање е разговарано и со новиот премиер Кирил Петков.


„Бугарија ќе ја отвори вратата за С. Македонија само со гаранции и заштита на нашиот национален интерес. Ако успееме да донесеме таква одлука, тоа ќе биде историски чин, но да не заборавиме дека овој процес е целосно во рацете на земјата кандидат, вели Радев.