Само „Има таков народ“ го поддржа барањето на претседателот да се стави услов Бугарите прво да бидат вклучени во Уставот на РСМ како услов за укинување на ветото за време на Советодавниот совет за национална безбедност во јануари, изјави претседателот Румен Радев на консултациите со партијата на Слави Трифонов пред да биде врачен првиот мандат.
„Побарав главното барање да биде да се промени уставот на нашата соседна земја за македонските Бугари да бидат регистрирани покрај другите народи кои градат држава. И не само тоа – поставив услов тоа да биде задолжителен услов за укинување на вето.
Тогаш „Само вие поддржавте, вели Радев.
„Големиот грев на бугарската политичка класа во последните 30 години е што ги заборавија македонските Бугари. Тоа не е спомнато во договорот од 2017 година, ниту во националната рамковна позиција, ниту во ветото наметнато од ГЕРБ.
За дискриминирањетона на нашите сонародници, почна да се разговара пред една година, …, кога ги бранев позициите на Бугарија, а потоа уште еднаш, во октомври минатата година, на Вториот совет за проширување, но со јасна комуникација со сите европски партнери дека проблемот не е национален, туку европски, бидејќи влијае на темелите на ЕУ, во однос на копенхашките критериуми, човековите права и недискриминацијата“, додаде Радев.
