Бугарскиот претседател, Румен Радев, повикува на навремен одговор од одговорните институции во Бугарија и Македонија за проблемите со кои се соочуваат нивните државајни во земјава.

Радев вели дека над сто илјади граѓани на Република Северна Македонија имаат бугарско државјанство, стекнато врз основа на слободно изразување на волја и документарна потврда за нивното бугарско етничко потекло. Илјадници други се во процес на разгледување на нивните апликации за бугарско државјанство.

По изјавата на Радев, реагираше бугарското МНР, од каде што велат дека секогаш одговарале на сигналите за дискриминација на нивните сонародници во Република с. Македонија на сите дипломатски нивоа и често ги објавувале овие постапки во јавноста.

Писмо од Бугарите во Македонија

„Задоволни сме што шефот на државата го дели нашиот став дека Република с. Македонија мора да го почитува правото на самоопределување на сите свои граѓани, вклучително и на оние со бугарски идентитет“, соопшти Министерството.