Сегашните и поранешните работници на Амазон и активистите за работнички права во неделата одржале протест пред вилата на Беверли Хилс на основачот и директорот на „Амазон“, Џеф Безос. 

Стотици поранешни работници и активисти пред раскошниот имот кој Безос го купил претходно оваа година, побарале бесплатна социјална заштита за децата на работнциите, здравствено осигурување и акции за работниците, минимална плата од 30 долари на час и затворање на складиштата во кои избила заразата од Ковид – 19, пишува порталот Вајс Њус. 

Протестот го организирало здружението Congress of Essential Workers кое го основал поранешниот работник на Амазон Кристијан Смолс кој бил отпуштен во март, откако јавно проговорил против работните услови и организирал протести пред складиштето во Стејтен Ајланд, Њујорк каде што работел. 

Иако Амазон тврди дека Смолс е отпуштен бидејќи со протест ги прекршил нивните мерки на карантин, интерниот документ кој во меѓувреме протекол, а кој го напишал адвокатот на Амазон Дејви Заполски, го опишува Смолс како црнец кој „не е паметен, ниту добро артикулира“. 

На протестот го скандирале името на Безос, како и слоганите: „без правда нема мир“ и „ако не добиеме, ја гасиме (компанијата). Смолс во говорт ги повикал луѓето да ја откажат претплатата на стриминг сервисот на Амазон Прајм во солидарност со работниците. 

„Не ви треба Џеф Безос. Ние му требаме нему. Ние го направивме најбогатиот човек на светот“, им порачал Смолс на работниците. 

Побарале и враќање на додатокот на плата за ризик од зараза во износ од 2 долари на час до крајот на пандемијата кој Амазон го укинал на крајот од јуни. 

Безос не е само најбогатиот човек на светот, според листата на Форбс на најбогатите луѓе, туку и првиот милијардер чие богатство го преминало вртоглавиот износ од 200 милијарди долари