R.I.P Замина авторот на култната драма “Ослободувањето на Скопје”

На 81 година во Љубљана вчера починал Душан Јовановиќ, режисер, драматург и есеист.

За македонската јавност Јовановиќ е најпознат како автор на култната драма „Ослободувањето на Скопје“ која ја напишал по лични сеќавања за крајот на втората светска војна во главниот град на Македонија.

Роден е во Белград во 1939, живеел и во Скопје и Љубљана а се смета за еден од највлијателните југословенски автори.

Напишал десетици драмски текстови и други дела а голем дел од нив и самиот ги режирал.

Наградуваната и многу гледана драма „Ослободувањето на Скопје“ за прв пат во Македонија е изведена во 1978 во скопскиот Драмски театар, во режија на Слободан Унковски.

Пред 4 години по текстот „Ослободувањето на Скопје“ беше снимен и филм кој го режираа синот и таткото, Данило и Раде Шербеџија.

Најчитано

Меѓу редови ни ја кажат тажната реалност https://www.expres.mk/priznaa-li-sdsm-i-dui-deka-vo-makedonija-nema-nadezh-i-vladee-neizvesnost/