На самитот Русија-Африка во Санкт Петербурт, дипломатот Лама Жак Севоби од Екваторијална Гвинеја се појави со маица на која многукратно бил отпечател ликот на Путин.

За комплетен проруски имиџ, тој ја искомбинирал со капа на советската армија на која стои значка со чекан и срп.

Видеото секако веднаш стана вирален хит…

Лидерите на африканските земји кои се одзваа на поканата да дојдат на самитот Русија-Африка во Санкт Петербург му покажаа поддршка на рускиот претседател Владимир Путин.

Севоба изјави дека маичката не ја купил специјално за самитот, туку ја добил пред неколку години и дека ја носи „во секое време“ и „на секое место“.

„Таа кошула ја имам три години бидејќи многу го сакам Путин, па ја носам во секое време и на секое место. И денес сакам да му покажам на мојот народ дека Русија и Африка ќе бидат уште поголеми пријатели од порано“, изјави можеби најголемиот обожавател на Путин.