Рускиот претседател Владимир Путин пред утрешната посета на Србија даде заедничко интервју за српските весници „Политика“ и „Вечерње новости“, во кое проговори и за македонскиот национален идентитет.

„Минатата година, поради форсираното зачленување на Република Македонија во НАТО дури беше покренат процес на донесување уставни амандмани и промена на името на државата, ревизија на основите на македонскиот национален идентитет. При тоа е игнорирана волјата на македонските гласачи – референдумот за промена на името на државата пропадна, но надворешниот притисок продолжи“, изјави Путин.