Путин во Истанбул на свечениот старт на „Турски тек“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе присуствува на церемонијата на на официјалниот старт на гасоводот „Турски тек“ во Турција.

Преку едниот крак на гасоводот кој пооминува под Црното Море и на кој се спротивставува САД, ќе се испорачува гас за до Турција, а преку другиот, гас ќе се испорачува за Бугарија, Србија, Унгарија и Словачка.


За време на посетата на Турција, Путин ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за понатамошен развој на руско-турска соработка и за меѓународните проблеми, вклучително и ситуацијата во Сирија, Либија и Иран.