Путин се закани со одмазда за нападот врз Москва

По денешниот напад со дрон на Москва, во кој две лица беа повредени, а два станбени блока беа евакуирани, се огласи и рускиот претседател.

Владимир Путин ја обвини Украина за терористичка активност и тврди дека Киев го избрал „патот на заплашување на руските граѓани“.

Тој рече дека нападот со беспилотни летала врз Москва бил насочен кон „цивилни цели“ и дека воздушната одбрана на главниот град ќе биде зајакната.

Тој рече дека одбраната реагирала задоволително, но дека „има работа што треба да се заврши“.

Путин, кој нареди целосна инвазија на Украина минатиот февруари, исто така се закани со одмазда во коментарите што ги објави Тас, велејќи дека народот на Украина треба да разбере дека раководството на нивната земја ја принудува Русија да одговори.

Министерството за надворешни работи на Русија во соопштението наведе дека го задржува правото да преземе најстроги мерки.

„Уверувањата на претставниците на НАТО дека режимот во Киев нема да изврши удари длабоко на руска територија се покажаа како целосно лицемерни“, се вели во соопштението.

Русија го задржува правото да преземе најстроги можни мерки како одговор на терористичките напади на режимот во Киев“, се додава во соопштението.