Рускиот претседател Владимир Путин потпиша четири закони со кои се ратификува анексијата на окупираните региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон од страна на Руската Федерација.

„ Границите на новите субјекти на Федерацијата, како што произлегува од договорот, ќе бидат одредени со границите што постоеле на денот на нивното формирање и прифаќање во Руската Федерација“ – се наведува во документите потпишани од Путин, пренесува руската агенција. ТАСС.

До изборот на нови раководители со овие региони ќе управуваат привремени вршители на должност назначени од Путин, пишува ТАСС.