По неодамнешните неуспеси на руската армија, Путин е „скршен“, и единствено што може да го развесели е очекувањето наесен многу граѓани на Западна Европа да излезат на улица поради економската состојба, пишува „Вашингтон пост“.
Според коментарот објавен во американскиот весник, Путин ќе ги искористи сите ресурси во својот арсенал за дезинформации за да ги принуди демонстрантите да ги поделат општествата и со тоа да го ослабне меѓународниот фронт против него.
Според истражувањето на Verisk Maplecroft, граѓански немири ќе избијат во дури 101 земја, а жариштата ќе се шират од Шри Ланка и Алжир до релативно просперитетна Европа. Главен двигател на незадоволството е инфлацијата, особено скокот на цените на храната и енергенсите, што во голема мера беше предизвикано од воената операција во Украина, но се вклучени и други фактори.
„Вашингтон пост“ потсетува дека десетици илјади луѓе неодамна излегоа на улиците на Прага, барајќи ЕУ да ги укине санкциите кон Русија, односно да направи нов договор за гасот, како и да го запре вооружувањето на Украина.
Многумина сметаат дека за ваквата состојба се виновни Европската унија и НАТО, а експертите посочуваат дека протестите ги водат припадници на екстремната десница, односно левицата. Исто така, илјадници луѓе се собраа во Лајпциг и Магдебург, каде демонстрантите излегоа на улиците за да го изразат своето незадоволство од инфлацијата и цените на енергијата.
Некои сметаат дека насобраните наводно изразиле симпатии кон Путин, односно незадоволство кон ЕУ под водство на Соединетите Американски Држави. Експертите посочуваат дека во Германија имало и симпатизери на десницата и левицата.
Партијата што ги собира Германците од екстремната десница е Алтернатива за Германија (AfD), а онаа што ја претставува политичката рамка за екстремите на другиот крај на политичкиот спектар е Левица.
Двете партии ветуваат „жешка есен против студени нозе“ за есен, како што гласи една парола, со планирани митинзи секој понеделник.
Според „Вашингтон пост“, наклонетоста на цврстата десница и левица на политичките маргини низ Европа ги прави овие граѓани , според весникот, „корисни идиоти“, термин кој му се припишува на рускиот револуционер од 20 век и политичар Владимир Ленин.
Овој термин означува лице кое пропагира ставови или интереси на група или идеологија што не ги разбира целосно и ги користи за пропагандни цели. „Вашингтон пост“ истакнува дека поимот се однесува и на популистите од Франција до Италија и пошироко.
„Но, Путин, кој беше агент на КГБ во Источна Германија во 1980-тите, најдобро ги познава своите корисни идиоти во Централна Европа“, коментира Вашингтон пост.
Весникот наведува дека Путин ќе направи „се што може за да продолжи да шири лаги на Запад“, и дека оваа есен ќе биде најголемиот тест досега.