Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој им се дозволува на „непријателските земји“ да ги плаќаат долговите за испорака на руски гас во странска валута.
Станува збор за дополнување на уредбата од март годинава според која тие земји во иднина треба да плаќаат гас во рубли.
Новинската агенција РИА јавува дека Газпромбанк ќе отвори посебни сметки за девизи и рубли за трансакции со странски клиенти.
Ројтерс потсетува дека рускиот претседател потпиша декрет во март со кој ги принудува купувачите од Европа да отворат банкарски сметки во рубљи во Гаспромбанк и да плаќаат во руска валута доколку сакаат да продолжат да добиваат руски гас, а na земјите кои ги одбија тие услови, како што се Полска и Финска испораката им беше прекината.