Ррускиот претседател потпиша декрет со кој од 1 февруари се забранува снабдувањето со нафта и нафтени деривати на земјите кои учествуваат во ограничувањето на цените на руската нафта за период од пет месеци.
Ова е одговор на потегот на Групата Г7, Европската унија и Австралија кои се договорија овој месец да ја ограничат цената на руската офшор нафта на 60 долари за барел.
Ограничувањето е во сила од 5 декември поради „специјалната воена операција“ на Москва во Украина.
Извозот на сурова нафта ќе биде забранет од 1 февруари, а датумот на забраната за нафтени деривати ќе го одреди руската влада, најверојатно по 1 февруари.
Указот содржи клаузула која му дозволува на Путин да ја поништи забраната во посебни случаи.