Путин ќе гради нови нафтоводи и гасоводи во Сибир

Рускиот претседател Владимир Путин смета дека е неопходно да се планира изградба на нови гасоводи и нафтоводи од полињата во Сибир.

„Треба да се земе предвид можноста за изградба на нови нафтоводи и гасоводи од полињата во западен и источен Сибир“, рече Путин, сумирајќи ги резултатите од состанокот за ситуацијата во нафтената и гасната индустрија, пренесува Спутник.

Според него, „зголемувањето на капацитетот за претовар на нафта во пристаништата на Арктикот и на Далечниот Исток е исто така многу важна задача“.

Зборувајќи за другите насоки на работа, Путин нагласи дека е неопходно „да се искористи потенцијалот на Северниот морски пат и да се вклучат гасоводите „Моќта на Сибир“ и „Сахалин-Хабаровск-Владивосток“ во единствен систем за снабдување со гас со цел да се обезбеди гас за регионите“.