Рускиот претседател Владимир Путин ја советуваше Украина „да не игра по туѓа свирка“, по средбата со белорускиот претседател Лукашенко,.
Запрашан како ја коментира изјавата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен кој, во контекст на разговорите меѓу Москва и Киев рече дека „за танго се потребни двајца“ рускиот претседател со коментар.
„Тангото, се разбира, е добро. Но, мислам дека е важно Украина да не ја заборави гопаката (традиционален украински танц). Ова е важно. Во спротивно, тие секогаш ќе танцуваат на странска музика“.
Лукашенко го поддржа метафоричниот начин на изразување на Путин и изјави: „Се чини дека почнаа да танцуваат. Имаше три рунди преговори во Белорусија, а потоа (американскиот државен секретар Ентони) Блинкен и (американскиот секретар за одбрана Лојд) Остин му дадоа наредба на (претседателот на Украина Володимир) Зеленски и тој ги забрани преговорите. Фактите се на маса, фактите се очигледни.Затоа нема смисла никого да обвинуваме“, рече Лукашенко.
Путин потсети дека претседателот на Украина потпиша указ за забрана за преговори со Русија (попрецизно со Путин н.з.), пренесува Њуз.бг
Според Путин, Москва останува отворена за разговори со Киев.
„Веќе го кажав ова: никогаш не сме одбиле преговори. Затоа ве молам, ако другата страна го сака тоа, нека го каже тоа директно“, рече Путин.
„Значи, јас зборувам, но не слушаме ништо од другата страна“, додаде тој.
