Путин го испрати Лавров на негово место на самитот на БРИКС

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Јоханесбург, Јужна Африка, за да учествува на состанокот на БРИКС.

Јужна Африка ќе го апси Путин ако се појави на самитот на БРИКС


Рускиот претседател Владимир Путин прво беше поканет на него, но неговото патување беше доведено под знак прашање поради активната меѓународната потерница издадена од Меѓународниот кривичен суд.

На 30 јули Путин лично ја оправда својата одлука да остане во Русија: „Не мислам дека моето присуство на состанокот на БРИКС е поважно од моето присуство во Русија во моментов“.

Рускиот претседател Владимир Путин ќе учествува на состанокот преку видео конференција.

Меѓу другото, рускиот лидер ќе ги информира своите учесници за приоритетите на руското претседателство со асоцијацијата во 2024 година.

Самитот на БРИКС се одржува во Јоханесбург од 22 до 24 август. Меѓу поканетите се лидерите на 54 африкански земји.