Путин: Европа треба да биде благодарна на Турција

„Европските партнери треба да бидат благодарни на Турција за непречен транзит на гас од Русија“, изјави претседателот на Русија Владимир Путин на средбата со турскиот колега, претседателот Реџеп Таџип Ердоган, денеска во Сочи.

Според рускиот претседател, „Турски тек“ е меѓу најважните патишта за испорака на руски гас во Европа и функционира без никакви проблеми.
„Не мислам само за испорака за потрошувачите во Турција, туку и за потрошувачите во Европа. Затоа европските партнери треба да бидат благодарни на Турција што обезбедува непречен транзит на нашиот гас на европскиот пазар“, кажа Путин

Путин додаде дека Русија извезува големи количини на гас, нафта и јаглен во Турција.

Од своја страна, турскиот претседател Рексип Таџип Ердоган рече дека разговорите во Сочи ќе отворат ново поглавје во соработката меѓу Москва и Анкара.

„Верувам дека нашите разговори ќе отворат нова страница во односите меѓу двете земји. Тука ги вклучувам прашањата за енергетска соработка, прашањето за извоз на жито преку Црното Море, туризмот, регионални теми“, рече Ердоган.