Рускиот претседател Владимир Путин не би сакал Европа да покаже слабост и да не може да го заштити своето учество во проектот за гасоводот „Северен поток 2″, како што направи Бугарија во случајот со „Јужен поток“.

Путин ова го изјавил на заедничката прес-конференција со австрискиот канцелар Себастијан Курц. „Бугарија се откажа од Јужен тек под притисок однадвор. Сега тие жалат, сега велат дека би сакале да добијат руски гас, но преку турскиот тек.

Не сакаме цела Европа да изгледа како Бугарија, која манифестира таква слабост и неспособност да ги брани своите национални интереси“, рекол Путин, како што пренесува БГНЕС.