Пустец им помага на погодените од земјотресот во Драч

Општина Пустец, Мала Преспа и пратеникот од единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) Васил Стерјовски во дворот на Општина Пустец, организираа акција за собирање помош за луѓето погодени од земјотресот во Албанија.

„Ги покануваме сите жители на Општина Пустец во овие тешки моменти да се солидаризираме и да донираме облека, храна за жителите погодени од земјотресот. Испраќаме сочувство на жртвите и нивните семејства“, повикаа организаторите.