Од денеска може да се вози по новиот а Од Министерството за транспорт и врски инофрмираат дека од денеска во двата правци е пуштен за сообраќај автопат Миладиновци – Свети Николе – Штип.

„Упатуваме благодарност до сите граѓани кои во овие неколку месеци беа трпеливи во однос на користење на оваа автопатска делница. Упатуваме благодарност и до сите градежни компании кои директно или индиректно беа вклучени во изградбата на овој значаен капитален објект“, се наведува во соопштението.

Воп текот на летово, на автопатот ќе бидат изградени и два наплатни пунктови за што е донесена одлука од владата.