Се стравува дека илјадници луѓе загинале во Либија откако бурата „Даниел“ донесе толку многу дожд на североисток што две брани се урнаа во еден регион, влечејќи цели населби во морето.

Повеќе од 2.000 луѓе загинаа, а околу 6.000 се водат за исчезнати во тешко погодениот град Дерна, каде што под притисокот на поплавите се урнаа две брани, пишува Си-Ен-Ен.


„Водата однесе три мостови и цели населби кои завршија во морето“, изјави Ахмед Мисамари, портпарол на Либиската национална армија.

Куќите во долините беа однесени од силни струи од кал кои носеа возила и остатоци. Телефонските линии во градот Дерна исто така се во прекин, што ги отежнува напорите за спасување…