Едно лице загина, а четворица се повредени во неделата при пукање во презвитеријанската црква „Женева“ во Лагуна Вудс, Калифорнија.
Официјалните лица изјавија дека телото на починатиот било пронајдено на местото на настанот, а преживеаните биле итно пренесени во болница.
Едно лице е приведено од полицијата и дека најверојатно е пронајдено оружјето користено во престрелката.
САД Тинејџер убил десетмина во супермаркет
Околу 30 луѓе биле сведоци на насилството, изјави портпаролката на шерифот.
Таа рече дека според првичните информации, повеќето од луѓето во црквата се од тајванско потекло.
