Поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пуџдемон, ја прашува Европска унија зошто не би ги примила независните Каталонија и Шкотска, кога веќе, како што вели, преговара со Косово, со Македонија и со Албанија.

„Ни рекоа: ‘Прифаќањето на Шкотска, на Каталонија и на Фландрија би било премногу комплицирано’. Можевме да го профатиме тоа, но истовремено ЕУ тежнееше кон проширување на бројот на членки од 28 на 30 или дури на 32. Тие преговараат со Косово, со Северна Македонија и со Албанија за нивното придружување“, изјави Пуџдемон за „Раша тудеј“ на шпански јазик.

Македонија и Албанија се кандидатки за членство во ЕУ, а Косово потенцијален кандидат.