Психолог и експерт за когнитивни науки: Македонија ја води суров македонофобен режим

Професорот по психологија и когнитивни науки Атанас Кирјаковски со анализа на власта која што ја води Македонија во моментов.

,,Во земјава као има демократски систем, а всушност владее суров македонофобен режим. Разликата од традиционалните режими е во тоа што наместо еден јасен и јавен диктатор (пр. Сталин), сега диктатурата е апстракција од типот „све за ЕУ“, „ради короната“, „јавноста така сака“ итн”, пишува професорот.

Кирјаковски смета дека оваа власт е најнетранспарентната досега, најавторитарната, најкорумпираната и најнекадарната во историјата на Македонија.

,,Води некакви си „преговори“ со Бугарија целосно зад затворени врати (како и со Грција претходно), без да го информираат собранието или нас, граѓаните.
Кријат затоа што се корумпиран предавнички македонофобен режим кој спрема ново предавство. Тие се тие кои спинуваат и лажат за се, од тоа дека немало да сменат име и устав па се до тоа дека „добиле“ датум за ЕУ”, пишува Кирјаковски за власта која ја води Македонија.