Лидерот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција„ (МАЕИ), Васил Стерјовски, за албанската национална телевизија МЦН, го образложи неговиот предлогот Македонец да биде кандидат за иден шеф на државата по аналогија на избраниот Дритан Абазовиќ за премиер на Црна Гора.

„Зошто да не. Неодамна го имавме случајот со изборот на премиерот на Црна Гора, црногорски државјанин со албанско потекло кој се бори за својата земја, за демократијата во Црна Гора. Зошто да не се гласа од пратениците на Парламентот на Албанија кандидато, професор д-р Кимет Фетаху“, одговори Стерјовски.

МАЕИ, според Стерјовски (единствениот поранешен пратеник Македонец во албанскиот парламент) време на чело на албанската држава да дојде албански државјанин кој и припаѓа на македонската заедница.

„Прво ова беше желба на нашата партија. Најдобрата кандидатура која ќе нè претставува како македонска заедница, но и целата држава, оценивме дека е кандидатурата на господинот Кимет Фетаху. Сметаме дека е дојдено време, зошто да не, на чело на албанската држава да имаме албански државјанин кој и припаѓа на македонската заедница“.

Стерјовски отфрла било какво влијание од страна на официјално Скопје во врска со предлогот на Фетаху за претседател.

„Не. Ние како партија сме формирани во Албанија, регистрирани сме во Основниот суд во Тирана. За целата наша активност не бараме одобрение од македонската Влада или македонската политика, затоа што тука дејствуваме„ вели Стерјовски.