Повеќе јавни личности меѓу кои и првиот македонски дисидент кој во деведесетите избега во Канада откако беше систематски следен и малтретиран од тајните служби јавно прашуваат што се случува со министерот Спасовски и неговата посета на македонска амбасада.

Јордан Петровски ги прашува членовите на СДСМ дали не им е срам да го поддржуваат министерот за внатрешни работи по неговата контроверзна порака според која тој ги проучувал длабочина односите со земјата на македонски амбасадор.

“По завршувањето на Сараевската Министерска конференција, на моја особена чест бев во посета на македонската амбасада во Сараево при што бев гостин на амбасадорот на 🇲🇰 во 🇧🇦, Н.Е. Екрем Ебиби, како и неговите соработници. Продлабочувањето на односите помеѓу нашите две земји продолжува со несмален интензитет”, напиша Спасовски по посетата на македонско дипломатско претставништво.

Линк до постот на Спасовски

https://www.facebook.com/261903973987233/posts/2059607717550174/

“Амбасадорот Екрем Ебиби на која држава е амбасадор па Оливер со посетата ги унапредувал односите помеѓу Македонија и државата на Екрем??

Дајте луѓе отворете очи особено вие од СДСМ зар не се срамите ваква б…ла да подржувате!!”, пишува во прашањето за изјавата на Спасовски.

За изјавата на Спасовски реагираат и новинари.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10159000418778517&id=556338516