Првиот човек на Американскиот Еврејски конгрес Ендрју Бејкер на Комеморацијата во чест на 80 години од холокаустот на македонските Евреи му покажа на премиерот Ковачевски како треба да се оценува улогата на Бугарија во трагичните настани од пред 8 децении.
Бејкер пред премиерот, членови на владата, дипломати, членови на еврејската заедница и други гости зборуваше за контекстот во кој настрадаа Македонските Евреи и директно ја посочи Бугарија за своето однесување како нацистички колаборатор но и за сегашното негирање на вината од официјална Софија за кои Ковачевски молчеше во својот говор.
Ковачевски беше во публиката и внимателно слушаше што зборува Бејкер.
Преводот е испишан на десната страна од екранот