Први официјални резултати: Ердоган води…

Избирачките места за денешните претседателски избори во Турција се затворија во 17 часот по турско време, односно во 16 часот по средноевропско време, а според првите официјални резултати по пребројани 55 отсто од гласовите, Ердоган води со 54,5 отсто, а Киличдароглу освоил 45,5 отсто.

Според последните податоци, провладината агенција Анадолија јавува дека Ердоган води со 52,2 отсто спроти Киличдароглу кој освоил 47,8 отсто гласови.


Според опозициската агенција АНКА Ердоган води со 51,8 отсто а Киличдароглу освоил 48,2 отсто.

Според проверените резултати на турската Врховна изборна комисија, Ердоган освоил 54,5 отсто, а Киличдароглу 45,5 отсто по пребројани 55 отсто од гласовите.

Член на партијата на претседателот Ердоган ги отфрли обвинувањата за местење на гласовите. „Ова е глупост, ова е сериозна глупост“, изјави членот на АК Партијата Харун Армаган за Sky News.