Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска индиректно откри зошто пропаѓаат случаите во кои комисијата ги гони владините и претставниците на владината коалиција а зошто без докази и во критични моменти отвараше случаи против опозицијата.

Шефицата на Антикорупциската комисија вчера стави лајк на статус на Фејсбук на вицепремиерот Никола Димитров со кој ги искажа симпатиите за вториот човек во владата но искажа и свој личен однос кон партиско – политичко прашање во кое таа не смее да се меша ако сака да биде доживувана како неутрална професионалка.

Да ставеше лајк на статус во кој Димитров зборува за ЕУ или за општи одредници за земјата донекаде ќе можеше да се прифати нејзината поддршка за вицепремиерот.

Но нејзино јавно допаѓање за став со кој Димитров ја прогласува опозицијата за напријател на Македонија одразува нејзин личен став кон една партија во случајов опозициска и открива зошто таа толку силно ја брани власта а толку силно работи против ВМРО-ДПМНЕ како шефица на ДКСК.

Ивановска која со сите докази ја прекина постапката против шефот на Агенцијата за разузнавање и спротивно на ингеренциите побара нов закон за агенцијата за што против неа е поднесена кривична пријава, и која по повеќе една година наводна истрага и одолговлекување го ослободи екс генералниот секретар на владата Драги Рашковски за чистиот случај “Леонардо”, со лајкот за Димитров кој го плука ВМРО-ДПМНЕ само го формализираше тоа што сите го знаат, дека таа има “специјален” однос кон власта.

Еден од случаите каде што Ивановска го најави својот специјален афинитет кон власта беше ланската истрага на ДКСК против претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски која беше објавена на два дена пред првиот круг на претседателските избори со што во јавноста се создаде впечаток дека има нешто матно во работата на лидерот на опозицијата.

Истрагата заврши откако релативно брзо беше утврдено дека Мицкоски бил гонет без никакви докази но Ивановска и комисијата предходно ја завршија својата работа испраќајќи пред изборите порака која во тој момент и одговараше на власта.

Ивановска сега со својот лајк на јавноста јавно и порачува дека ја поддржува власта кога таа ја прогласува опозицијата непријател на државата а во исто време кај е а а маса им предмети против опозициски претставници.

Во нормални држави Ивановска по сите предходни и овој скандал треба веднаш да биде сменета или сама да замине од позицијата затоа што не е објективна а тоа не се ни труди да го скрие.

На што стави лајк Ивановска

Конфузен поетско-отровен одговор на Димитров за негова интерпелација