Поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов во интервју за „24 часа“ во контекст на актуелните прашања меѓу двете земји и Договорт за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија оценил дека „се раѓа антибугарски македонизам во најгруба форма“.
Тој смета дека дел од проблемот лежи во Договорот кој не го реши проблемот со заедничката историја, „како што тоа го направија Грците“ и дека тој проблем е префрлен врз Комијија која нема мандат за такво нешто.
„За мене клучот на решението е да се држиме до тоа дека Илинденско-преображенското востание е бугарско по својот карактер, затоа што населнието има бугарска самосвест, бидејќи такви биле целите на Внатрешната револуционерна организација…Ако тоа се реши, назад во историјата очигледно процесите имаат бугарски карактер, вели Прванов кој беше бугарски претседател во периодот 2002-2012 година.