Поранешниот бугарски претседател Георги Прванов во интервју за  24Часа вели дека терминот „заедничка историја“ подразбира дека македонското население до крајот на првите две децении на минатиот век имало бугарски идентитет.

Тој не е задоволен од Договорот за добрососедство за кој вели дека требало да има јасни назнаки:
„За мене, тоа значи запишување кратко и јасно дека населението на денешна с. Македонија, на Вардарска Македонија со векови до првите децении на дваесеттиот век постоел бугарски национален идентитет. А. револуционерната организација во овој период имала бугарски национални цели и задачи.

За периодот потоа не се расправаме, го признаваме правото на различност на нашите браќа од Скопје“.