Поранешниот бугарски претседател Георги Прванов се залага за анекс кон Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Македонија, во кој ќе се обезбеди „историската врска со Бугарија“.
„Големата задача е да има анекс кон договорот од 2017 година, во кој ќе се дефинира концептот ‘заедничка историја’, зошто во суштина нашата цел е да докажеме и да го оставиме пред идните генерации фактот дека населението на денешната Северна Македонија низ средновековието, низ преродбата до првите децении на 20. век имало бугарско национално самосознание“, изјави шефот на бугарската држава од 2002 до 2012 година на енергетската конференција во Софија организирана од централнолевичарската партија Алтернатива за бугарска преродба (АБВ), чиј основач е.