На третиот ден од 19. Медитерански игри во алжирскиот град Оран, Могамедгаџи Нуров го обезбеди првиот медал за Македонија со пласманот во утрешното финалето во борење слободен стил.

Нуров немаше достоен противник ни во полуфиналето во категоријата до 97 килограми, во кое славеше со 6-1 против Мостафа Елдерс од Египет, па утре од 18:30 часот по средноевропско време ќе се бори за златото со Фејзулах Актурк од Турција.

На патот до медалот македонскиот репрезентативец ги совлада и Мохамед Садауи од Тунис со 13-2, Мохамед Фарџ од Алжир со 10-0, како и Алехандро Канада од Шпанија исто така со 10-0 во четвртфиналето.

Владимир Егоров, пак, утре од 17:20 ч. ќе му излезе на мегдан на домашниот борач Абделхак Хербаче во мечот за бронзениот медал во категоријата до 65 кг.