„Сите знаат дека уставните измени мора да се случат.“ – тврдеше поранешниот претседател на Либерална партија и актуелен иницијатор на граѓанското движење „Нова република“ Иван Величковски во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21

Тој изнесе и дрска провокација дека „внесувањето на државотворниот бугарски народ во преамбулата на Уставот е потреба особено на Македонците“: „Не затоа што уставните измени се потребни за партиите, тие се потреба особено за Македонците, затоа што на тој начин ние кажуваме дека немаме проблем секој да се идентификува како што сака, затоа што ние се идентификуваме како Македонци, затоа што така сакаме“!

Во стилот на „политички сезнајко“ Иван Величковски си ја претпочита само „северна Македонија“ и за него се што е поврзано со „непостојната Република Македонија е игранка“. Во овој контекст тој тврди: „Гласот на пратеникот не зависи од меница, или од изјава на нотар. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ потпишаа дека нема да го менуваат Уставот на Република Македонија, но во последниве неколку години таква држава не постои, туку постои држава по име Република с.Македонија. Сега сите знаеме дека тоа е обична игранка!“