Провокативни пароли со националистичка и екстремистичка содржина истакнаа навивачите на ФК „Шкупи“ на синоќешниот фудбалски дерби натпревар со „Вардар“ на стадионот во скопската населба Чаир.

„Ќе го исполниме историскиот аманет Скопје да биде срцето на Албанија“ – се вели на една од паролите, објавува „Плусинфо“.

Според присутни на натпреварот имало и пароли и извици со кои се величаат убијците на младото момче Никола Саздовски – Саздо, што е уште потешка форма на говор на омраза.

Засега нема никаква официјална реакција на ови националистички испади ниту од ФФМ ниту од МВР, кои начелно се залагаат за сузбивање на говорот на омраза и навредите на национална основа на спортските натпревари.