Свирежите и извиците “Уаа” од револтирани граѓани за премиерот Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети додека тие вчера се движеле низ Тетово а кои ги снимила ТВ Клан не ги пренесува ниту еден од провладините или медиумите под контрола на СДСМ и ДУИ.

Видеото го објавува новинарот Фуркан Салиху и во него се слуша револтот на граѓани поради трагедијата во тетовската болница.