Против бугарските лаги и изјавите на легендарната Нета Коен, Ребека од ,,Трето Полувреме”

Изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев кој тврди дека Македонците ги носеле и убивале во концентрациони кампови десетина илјади Бугари предизвика жестоки реакции кај македонската јавност.

Дел од граѓаните пренесуваат што им раскажувале нивните баби и дедовци за злосторствата на бугарските фашистички војници а дел споделуваат снимени сведоштва за прогонот и смртта на луѓето кои живееле во Македонија.

Кој бил окупатор и кој го носел луѓето од Македонија во концентрациони кампови најдобро се гледа од видео интервјуто направено со Нета Коен, една од ретките преживеани македонски Евреи за време на бугарската фашистичка окупација во втората светска војна.

Коен е вистинската хероина врз основа на чиј живот е изграден ликот на Ребека од филмот Трето Полувреме на Дарко Митревски.

Таа во интервју пред да почине раскажува дека бугарските војници се тие кои што ги носеле македонските Евреи во нацистичките логори на смртта од каде што не се вратил никој од нејзините роднини.

Коен интервјуто го дава за фондацијата ,,Шоа” на Стивен Спилберг која ги документирала судбините на голем број преживеани Евреи од Холокаустот.

Целото видео снимено од фондацијата на Спилберг: