Бугарското МНР врачи протестна нота на привремениот шеф на македонската амбасада, Владимир Крстевски. Причината е замена на бугарски споменик сместен на територијата на југозападниот сосед, пренесоа бугарски медиуми.
На денешната средба во Министерството, директорката на Дирекцијата за Југоисточна Европа, Вања Андреева го известила в.д. шефот на македонската амбасада дека бугарската дипломатска мисија во Скопје открила оти во дворот на црквата во село Клепач, прилепско заменет е споменикот во чест на војводата Велко Скочивирчето и осум негови генерали кои загинале во битка со османлиските трупи во 1904 година.
„Споменик во РСМ веќе е со нови имиња – наместо „ов, завршуваат на „ски“, објави претходно „Њуз.бг.
Исто така, откриено е дека е заменет оригиналниот натпис на литературен бугарски јазик, отстранети се делови од автентичниот текст и некои од имињата на убиените бунтовници.
Бугарската страна ги повика надлежните органи на с. Македонија да преземат акција за пребарување и обнова на оригиналниот споменик.
На состанокот беше истакнато дека замената на историските артефакти е чин на уништување на автентичниот тип на културно -историско наследство и обид за препишување на историјата, што предизвикува сериозна загриженост, вклучително и во контекст на потребата од строга имплементација на Договор за пријателство, соседство и соработка од 2017 година, јавува Њуз.бг.