Најмалку две лица беа повредени во петокот кога полицијата испука предупредувачки истрели за време на протестот во холандскиот град Ротердам.

Холандските медиуми наведуваат дека полицијата употребила и водени топови за да ја растера толпата која запалила полициски возила.

Неколку стотици луѓе се собраа да изразат противење на плановите на владата да го ограничи пристапот до затворените простори и да им дозволи само на оние кои имаат пропусница за корона што укажува дека се вакцинирани или се опоравиле од инфекцијата.

Пристапот во моментов е достапен и за луѓе кои не биле вакцинирани, но имаат докази за негативен тест.

Холандија повторно воведе некои мерки за затворање минатиот викенд во обид да го забави порастот на инфекцијата со коронавирус, но бројот на нови инфекции останува на највисоко ниво од почетокот на пандемијата.