Германската полиција денеска употреби водени топови против демонстрантите кои протестираат против воведување на нови анти-ковид рестрикции, откако на протестите во владината област во Берлин, беа игнорирани повиците да се носат маски и да се држи дистанца.

По интервенцијата со водени топови, полицијата влезе меѓу демонстрантите и уапси неколкумина, а демонстрантите возвратија со фрлање петарди и факели, пренесе АП.

Протестите се случуваат во момент кога германските пратеници расправаа за нацрт-законот со кој на германската влада ќе и се овозможи самостојно воведување на анти-ковид ограничувања, без собраниска процедура.

Мерките се очекува да поминат во долниот, а потоа и во горниот дом на парламентот и брзо да бидат потпишани од германскиот претседател.