Низ повеќе градови во САД се одржаа протести на кои беше побарано Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето по масовните престрелки со многу жртви во Тексас, Охајо и Калифорнија.
Демонстранти во Провиденс, Лонг Ајленд, носеа транспаренти со порака „Разоружајте ја омразата“ и „„Никому не треба оружје за војна дома“, а сличен протест се одржа во Балтимор.
Демонстранти во Чарлстон, Западна Вирџинија, носеа транспаренти со кои повикаа да се смени законот , а доколлку не – да се укине Конгресот.
Американскиот Конгрес е на летна пауза, но лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Мекнел побара од Претседателот на Претставничкиот дом да ги разгледа можните предлози за нов предлог закон за контрола на оружјето кој би се нашол пред кога ќе се вратат од одмор во септември.